Slider

Новитети

Корејска гордост: Genesis го претстави својот прв SUV модел GV80

Slider

Првото појавување пред јавноста, GV80 го имаше во Сеул, а брендот кој е дел од Hyundai Motor, го најави автомобилот и како носител на голем број иновативни технологии кои првпат се појавуваат во гамата на Genesis

15/01/2020

Откако минатата недела беа објавени првите тизер фотографии за изгледот на Genesis GV80, првиот SUV модел на корејскиот премиум бренд и официјално ја имаше својата премиера.

Првото појавување пред јавноста, GV80 го имаше во Сеул, а брендот кој е дел од Hyundai Motor Group, го најави автомобилот и како носител на голем број иновативни технологии кои првпат се појавуваат во гамата на Genesis.

Дизајнерските решенија на Лук Донкерволке и неговиот тим успеале да донесат креација која ќе ја истакне робустноста, но и елеганцијата на овој Genesis, чиј заштитен знак ќе бидат предните светла со по четири елементи, како и специфичните трепкачи со две парелелни линии над тркалата кои се совпаѓаат и со графиката на задните светла.

Во конструкцијата на автомобилот е употребен и алуминиум на повеќе делови како вратите и поклопецот на моторите, со што се штеди на килограми за подобри возни својства на GV80, a безбедноста ја гарантираат голем број системи, вклучувајќи го и иновативниот паметен темпомат кој користи вештачка интелигенција за да се адаптира на стилот на возачот и имплементирање на автономно возење.

Погонот на задните тркала ќе биде стандарден за Genesis GV80 со опција за погон на двете оски, а почетокот на продажбата на корејскиот пазар ќе биде во знакот на 3.0-литарскиот мотор со шест цилиндри и 278 коњски сили, за подоцна да бидат достапни и две турбо-бензински варијации.

Како дел од специјалитетите на GV80, одговорните во Genesis ја истакнуваат и електронски контролираната суспензија која користи информации од камерите и навигацијата, како и Multi-Terrain Control системот за адаптација на подлогата во оф-роуд услови.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider