Slide

Вести

Корона ефект: Производителите ги стопираат активностите, вирусот ја затвори дирекцијата на Webasto во Баварија

Slide

Празничниот период околу Кинеската нова година отсекогаш значел продолжен одмор за вработените, но неизвесноста за компаниите сега се однесува на периодот кој би бил загубен доколку производството не продолжи по десетина дена

30/01/2020

Корона вирусот предизвика голема паника, а фактот што брзо се прошири и за краток период одзема над 100 човечки животи е дополнителна причина за специјални одлуки донесени од автомобилските производители.

Кинескиот пазар како најголем во светот е надополнет со развиената автомобилска индустрија и соработката на домашните компании со гигантите во овој бизнис. Празничниот период околу Кинеската нова година отсекогаш значел продолжен одмор за вработените, но неизвесноста за компаниите сега се однесува на периодот кој би бил загубен доколку производството не продолжи по десетина дена.

BMW денеска соопшти трите фабрики во Шенгјанг нема да бидат отворени најмалку до 10 февруари, по што ќе биде донесена нова одлука за тоа како ќе постапат Германците со фабриките во кои работат околу 18.000 работници и кои на годишно ниво испорачуваат половина милион автомобили.

Од понеделник ќе работат само административците, но и тие обврските ќе ги извршуваат од своите домови, велат од германскиот производител.

Сличен чекор уште претходно најави и Toyota која ги стопираше своите активности најмалку до 9 февруари, а Volkswagen исто така побара од своите вработени да останат во своите домови и оние кои можат, оттаму да ги извршуваат обврските. Истовремено, Германците ги забранија сите службени патувања во два правца.

Најпогодени од ширењето на вирусот се автомобилските производители кои имаат фабрики во регионот на Вухан, градот кој се смета за жариште на вирусот и е во целосен карантин, поради што групацијата PSA, но и брендови како Nissan, Honda и Kia мораа да ги ослободат своите вработени од обврските, но и да евакуираат дел од нив.

Сериозни проблеми доживеаја вработените во германскиот гигант Webasto, откако еден колега од кинеското претставништво на добавувачот во авто-индустријата бил на обуки во седиштето на компанијата во Баварија и притоа го пренел Корона вирусот на четворица локални вработени.

Поради ова Webasto привремено ја затвори својата дирекција и ги забрани сите службени патувања, посебно посветувајќи внимание на претставништвото во Вухан.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск