Slider

Вести

Кризата не влијае на Германците: Просечната моќност на новите автомобили стигнала до 166 кс

Slider

Во текот на целата мината година, просекот бил 159 коњски сили, а годинава не само што е зголемен, туку уделот на малите автомобили се намалил од 20 на 18 проценти

30/06/2020

Кризата која ја наметна коронавирусот привремено ги затвори фабриките и продажните салони, но не го намалува апетитот на германските купувачи за моќни автомобили.

Последната анализа за која е потпишан угледниот експерт Фердинанд Дуденхoфер вели дека од почетокот на годината, просечната моќност на купените нови автомобили во Германија изнесува 166 коњски сили.

Во текот на целата мината година, просекот бил 159 коњски сили, а годинава не само што е зголемен, туку уделот на малите автомобили се намалил од 20 на 18 проценти.

Просечната моќност во оваа европска земја растела и во најголемите политички и финансиски кризи, во 1990 година изнесувала 92 коњски сили, а продолжила да расте до 131 кс се до финансиската криза во 2008 година.

Во последните 30 години единствениот пад е забележан во 2009 година, кога државните субвенции ја зголемиле продажбата на мали автомобили до пазарен удел од 30 проценти, со што просечната моќност се намалила на 118 коњски сили.

Оттогаш просекот постојано расте, за во првите пет месеци на 2020 година да стигне до 166 коњски сили.

– Дури и по пандемијата на КОВИД-19, просечната моќност на автомобилите во Германија ќе расте. Со актуелните цени на горива, субвенциите за купување автомобил од една класа подолу се мали. Моторите во иднина ќе бидат „почисти“, но автомобилите со многу коњски сили ќе бидат главни на улиците, – смета Дуденхoфер.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider