Вести
Lada го започна производството на Niva Travel
Новата верзија на легендарната Lada Niva, моделот Niva Travel, од денеска и официјално влезе во сериско производство, информираше „АВТОВАЗ“.
Производството на модернизираниот SUV ќе се одвива во фабриката во Толјати, а автомобилот ќе се пробива со модернизираниот дизајн и напредокот на изработката на ентериерот.
Lada најавува дека Niva Travel ќе биде современ теренец, кој ќе ги исполни очекувањата на купувачите, а тоа ќе се однесува и на амбиентот во кабината која ќе биде добро изолирана и каде ќе има модерни клима-уред, односно мулти-медиски содржини.
Niva Travel ќе има класична и оф-роуд изведба, при што втората верзија подразбира дополнителна заштита на подвозјето и ектериерот, како и поголеми тркала.
Досега се продадени над 650.000 примероци на Niva во Русија и околните земји, а од „АВТОВАЗ“ потенцираат дека новиот автомобил ќе ја продолжи успешната традиција.
Повеќе содржини за SUV модели: