Slider

Новитети

Lamborghini Huracan STO – Хардкор специјалитет за секојдневна употреба

Slider

Се работи за моделот Huracan STO, кој е најмоќна изведба на најмалиот Lamborghini, a своите способоности од патека сега ќе ги пренесува и во секојдневното крстосување, користејќи ги придобивките од V10 моторот кој испорачува 640 коњски сили

18/11/2020

Lamborghini однапред најави дека денешниот ден ќе биде посебно интресен за фановите на овој бренд, а причина е премиерата на жесток тркач дневен костум.

Се работи за моделот Huracan STO, кој е најмоќна изведба на најмалиот Lamborghini, a своите способоности од патека сега ќе ги пренесува и во секојдневното крстосување, користејќи ги придобивките од V10 моторот кој испорачува 640 коњски сили.

Тоа значи дека Huracan STO ја наследува Performante изведбата, но добива подобри перформанси поради помалата тежина поради доминацијата на карбонските влакна при изработка на автомобилот, но и искуството на Lamborghini во правец на подобрување на аеродинамиката.

Производителот го истакнува периодот кој автомобилот го минал во воздушен тунел, при што Lamborghini успеал да го намали коефициентот на отпорот на воздух и да го подобри потисокот на задниот дел.

Спринтот до „стотка“ на Huracan STO трае само 3 секунди, до 200 км/ч стигнува за 9 секунди, додека максималната брзина на ова Lambo е 310 км/ч.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider