Вести
Lamborghini ќе инвестира безмалку 2 милијарди долари во електрификација на своите модели
Освен Lamborghini, и ривалите Ferrari, Aston Martin и McLaren се во слична ситуација во која мора да ја трансформираат својата гама од супер-спортски автомобили во комплетно електрични модели.
Lamborghini планира да инвестира 1.8 милијарди Евра за развој на плаг-ин хибридна гама до 2024 година, а во тек се активности за развој на комплетно електричен модел, кој треба да биде лансиран до крајот на декадава. Ова го потврди Стефан Винкелман, извршниот директор на компанијата.
Lamborghini минатата година најави инвестиција од 1.5 милијарди евра за развој на плаг-ин хибридни изведби на тековните модели Huracan и Aventador, како и моделот URUS.
“Ние планираме 1.8 милијарди, но во пракса тоа ќе биде многу повеќе – ова е најголемата инвестиција во историјата на Lamobrghini”, изјави Винкелман, додавајќи дека оваа бројка не ја вклучува инвестицијата во развој на комплетно електричниот модел.
“Инвестицијата ќе биде огромна бидејќи мораме да се соочиме со електричната ера, а во исто време да ги задржиме вредностите и препознатливоста на Lamborghini. Ова ќе биде огромен предизвик за нас”.
Освен Lamborghini, и ривалите Ferrari, Aston Martin и McLaren се во слична ситуација во која мора да ја трансформираат својата гама од супер-спортски автомобили во комплетно електрични модели, без притоа да изгубат дел од перформансите на овие автомобили кои во крајна линија ги диктираат нивните исклучително високи продажни цени.