Slide

Вести

Lamborghini отвори ВИП салон во Њујорк

Slide

11/05/2021

Италијански луксуз и врвни спортски перформанси кои одговараат на вкусовите на најголемите автомобилски ентузијасти.

Тоа е основата на содржината која во иднина ќе биде понудена во ВИП салонот на Lamborghini, отворен во престижниот кварт Челси на Менхетн во Њујорк.

Во обидот да им понуди уникатно доживување и запознавање со брендот, Lamborghini во иднина ќе им овозможи на потенцијалните купувачи да добијат термин за посета на специјалниот салон-галерија, во кој ќе имаат можност и за пропратни италијански специјалитети, вклучувајќи и ги тие кулинарските.

Ексклузивниот амбиент распослан на 500 квадратни метри на Менхетн е втор ваков ВИП концепт по тој во Сант’Агата Болоњезе, а купувачите може да се запознаат и со историјата на италијанскиот бренд, но и лично да го конфигурираат својот примерок на некој од Lambo моделите.

Свое деби на американска територија има Huracan STO, специјална серија која подразбира погонска единица со 640 коњски сили и врвни перформанси.

Повеќе содржини за спортски автомобили:

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан