Slider

Вести

Lamborghini се пофали со 10.000 произведени примероци на Aventador

Slider

Моделот со V12 мотор кој дебитираше во 2011 година стигна до важен продукциски јубилеј, а примерокот на Aventador SVJ Roadster во специјална сива боја, кој ја доби шасијата со број 10.000, е произведен за купувач од тајландскиот пазар

11/09/2020

Фабриката на Lamborghini во Сант’Агата Болоњезе го испорача и јубилејниот примерок на моделот Aventador, кој веќе ја надмина бројката од 10.000 произведени примероци.

Моделот со V12 мотор кој дебитираше во 2011 година стигна до важен продукциски јубилеј, а примерокот на Aventador SVJ Roadster во специјална сива боја, кој ја доби шасијата со број 10.000, е произведен за купувач од тајландскиот пазар.

Lamborghini Aventador користи иновативен од јаглеродни влакна, како и врвен V12 мотор кој испорачува 700 коњски сили и спринт до 100 км/ч за само 2,9 секунди.

Aventador дебитираше во купе изведба со ознаката LP 700-4, една година подоцна доби и роудстер изведба, а од 2016 година е достапен Aventador S со 740 коњски сили.

Пред две години беше претставена и SVJ изведба достапна во само 900 примероци, а специјалната серија SVJ 63 стигна до само 63 купувачи.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider