Slider

Вести

Lamborghini се пофали со рекорден септември во својата историја

Slider

Третиот квартал од годината е затворен со 2.083 доставени автомобили до купувачите, што е солиден резултат според производителот чиј најпродаван модел останува Urus

05/10/2020

Спортските автомобили на Lamborghini остануваат ултра популарни меѓу купувачите, а италијанскиот бренд успеа да постави и сопствен рекорд по надминувањето на проблемите кои настанаа со пандемијата на коронавирусот.

Откако производството се врати на вообичаеното темпо, Lamborghini успеал да стигне до бројка од 738 продаден примероци, што е најдобар резултат за септември во историјата на брендот.

Третиот квартал од годината е затворен со 2.083 доставени автомобили до купувачите, што е солиден резултат според производителот чиј најпродаван модел останува Urus.

Во периодот кога беше рестартирано производството, Lamborghini на ограничен број купувачи им ги понуди и Huracan RWD Spyder, Sian Roadster и Essenza SCV12, a одбележа и 10.000 произведени примероци на Urus и Aventador.

Следниот период Lamborghini ќе има и дополнителен предизвик, а тоа е продолжувањето на успешното функционирање и по заминувањето на досегашниот CEO, Стефано Доменикали.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider