Slider

Новитети

Lamborghini Sian Roadster: Моќно издание со иновативен погон

Slider

Sian Roadster располага со истиот хибриден погон чие срце е најмоќниот V12 мотор на Lamborghini, има дополнителен електро-мотор и соработува со 7-степена трансмисија со двојна спојка

09/07/2020

Речиси една година откако Lamborghini го претстави моделот Sian на Саемот во Франкфурт, италијанскиот бренд ја претстави и Sian Roadster изведбата.

Импресивниот дизајн на купето е надграден со предностите кои ги овозможува „отворената“ изведба, а Lamborghini реши да го претстави Sian Roadster во специјална сина боја, која дополнително го истакнува неговиот специфичен дизајнерски профил.

Sian Roadster располага со истиот хибриден погон чие срце е најмоќниот V12 мотор на Lamborghini, има дополнителен електро-мотор и соработува со 7-степена трансмисија со двојна спојка.

Една од спецификите на погонот е што не користи класична батерија, туку супер-кондензатор кој има десет пати поголем капацитет и е три пати полесен од литум-јон батериите кои вообичаено се користат.

Погонската моќ на Sian Roadster e 819 коњски сили, за спринтот од 0 до 100 км/ч му се потребни само 2,9 секунди, а производителот гордо го истакнува фактот дека односот тежина/моќ е 2 килограми по коњска сила.

Она што е вообичаено за ваквите автомобили е дека се планирани во ограничен број, а Lamborghini Sian Roadster ќе биде произведен во 19 примероци, кои веројатно се резервирани однапред.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider