Slider

Вести

Lamborghini заокружува рекордна година, но следува лимитирање на продажбата

Slider

Четвртиот модел на Lamborghini ќе биде GT изведба со 2+2 конфигурација, но засега проектот не е конкретизиран, а брендот ќе чека и соодветна платформа од својата групација, како и одлука за евентуалната електрификација

24/12/2019

Луксузните спортски автомобили на Lamborghini ќе ја заокружат 2019 година со нов рекорд, но стратегијата на италијанскиот бренд не е поврзана со постојан раст по секоја цена.

Првиот човек на Lamborghini, Стефано Доменикали, во своето последно интервју потврдува дека 2020 година нема да биде предвидена за раст, туку за стабилизирање на бројките.

По 5.750 продадени автомобили во 2018 година, во продажните салони се појави и SUV моделот Urus, па Lamborghini годинава лесно ќе надмине 8.000 испорачани примероци кај своите купувачи.

Сепак, главна цел на брендот од Сант’Агата Болоњезе во 2020 година ќе биде да ја стабилизира продажбата под 8.500 примероци, бидејќи приоритет е задржувањето на ексклузивноста на своите купувачи, но и вредноста на пазарот на користени автомобили.

– Сегментот на супер автомобили расте годишно за 3 проценти, но не можеме да очекуваме и дека побарувачката за Urus ќе расте неодредено. Ако сакаме да стигнеме до продажба од 10.000 автомобили годишно, ни треба четврти модел, но тоа нема да се случи пред 2025 година, – изјавил Доменикали за „Аутомотив њуз“.

Четвртиот модел на Lamborghini ќе биде GT изведба со 2+2 конфигурација, но засега проектот не е конкретизиран, а брендот ќе чека и соодветна платформа од својата групација, како и одлука за евентуалната електрификација.

Она што покажува дека италијанскиот бренд има сигурна иднина и не треба да се грижи за побарувачката е изјавата на Доменикали кој вели дека купувачите се подготвени да платат 25.000 евра повеќе од регуларната цена за Urus, само за да дојдат побрзо до негов примерок.

Тој потенцира дека чекањето за Urus трае околу девет месеци, ако купите Aventador S мора да чекате една година за да ви биде доставен, а Aventador SVJ е веќе распродаден. Во иднина, Lamborghini повторно ќе ја освежува понудата и со специјални и лимитирани изведби.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider