Slide 1

Новитети

Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota

Slide 1

11/06/2021

Претставувањето на новиот Land Cruiser е одлична вест за фановите на легендарниот теренец, кој и натаму ќе ги привлекува фановите на оф-роуд авантурите во продажните салони на Toyota.

Во напливот на SUV модели кои преферираат асфалт како подлога, Land Cruiser останува еден од значајните бестрашни автомобили, кои се подготвени за било каков предизвик надвор од он-роуд секојдневните обврски.

Land Cruiser зад себе има традиција долга седум децении и над 10 милиони продадени примероци низ целиот свет, а новата генерација ќе биде позната како 300 Series и ќе донесе важна надградба на квалитетот на понудата и квантитетот на безбедни авантури кои ги гарантира оваа Toyota.

Новата генерација е поставена на целосно нова платформа, тежината ќе биде намалена за околу 200 килограми, а Land Cruiser ќе добие и ревидирана суспензија.

Новитет во понудата ќе биде системот со кој возачот ќе има можност да го следи карактерот на подлогата и под предниот дел, но и целото опкружување на автомобилот, со што се добива поголема безбедност, а Toyota подготви и нова погонска единица.

Под поклопецот на Land Cruiser 300 ќе бидат поставени V6 твин-турбо мотори, поточно 3.3-литарски дизел и 3.5-литарски бензинец, поврзани со 10-степена автоматска трансмисија.

Toyota реши да ги задржи димензиите и оф-роуд геометријата како потврда за успешниот концепт од минатото, но истовремено е инвестирано многу во безбедноста со вградување на голем број системи за пасивна и активна безбедност.

Повеќе содржини за Toyota:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla