Slider

Вести

Land Rover Defender доби пет ѕвездички од Euro NCAP

Slider

09/12/2020

Безбедносните тестови на независната агенција Euro NCAP го потврдија капацитетот на Land Rover Defender, кој денеска официјално доби максимални пет ѕвездички.

Никој не се сомневаше во предиспозициите на големиот теренец во однос на безбедноста на возачот, патниците, па и останатите учесници во сообраќајот, а новата генерација на Defender се избори за висока оценка во секоја категорија.

Land Rover обезбедил подеднаква заштита за возрасните и децата патници, па така во овие две категории Euro NCAP му додели оценка 85% на Defender, оценката за вклучените безбедносни системи е 79%, а заштитата на останатите учесници во сообраќајот (пешаци, велосипедисти…) обезбеди оценка 71%.

– Од моментот кога започнавме да го создаваме новиот Defender, бевме опседнати со функционалната безбедност и заштита на патниците и другите учесници во сообраќајот. Намерата ни беше да создадеме возило што ќе биде досега најспособниот и најистрајниот Land Rover, со безбедносни карактеристики кои вистински го подобруваат искуството на возачот.

– Неверојатна чест е да го добиеме ова признание од Euro NCAP, пет ѕвездички за нашиот нов Defender, – истакнува Нил Роџерс, извршен директор во Jaguar Land Rover.

Defender во меѓувреме доби 28 интернационални признанија, а достапен е во изведбите 90 и 110, како и во вид на комерцијално возило.

Повеќе содржини за Land Rover:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider