Slider

Новитети

Land Rover Defender доби и плаг-ин хибрид изведба

Slider

Land Rover Defender P400e ќе располага со 404 коњски сили, за спринтот до 100 км/ч ќе му бидат потребни само 5,6 секунди, а може да вози на струја 43 километри

09/09/2020

Враќањето на легендарниот Defender во продажните салони на Land Rover значеше комплетирање на успешната трансформација на теренецот со долга историја во модерен автомобил, кој сепак ќе успее да ја задржи препознатливата ДНК.

Откако веќе почна да остварува солидни продажби на пазарите каде е понуден, Land Rover ја претстави и плаг-ин хибрид изведбата, која дополнително ќе го зголеми потенцијалот на новиот Defender.

Изведбата ќе ја носи ознаката P400e, а покрај тоа што ќе овозможи возење одреден број километри на електричен погон, ќе биде и најмоќниот Defender во понудата на британскиот бренд.

Land Rover Defender P400e ќе располага со 404 коњски сили, за спринтот до 100 км/ч ќе му бидат потребни само 5,6 секунди, а може да вози на струја 43 километри.

Актуелниот тренд на електрификација го истакнува во прв план плаг-ин хибридниот Defender, но од Land Rover најавија продажба и изведба со дизел мотор со шест цилиндри.

Низ бројки, тоа значи неприкосновен теренец со 300 коњски сили и максимален вртежен момент од 650 Nm, a дизел моторот ќе биде засилен со 48V технологија која ќе ја претвори оваа изведба во благ хибрид.

Land Rover додаде и X-Dynamic ниво на опременост, кое ќе се истакнува со специфични детали и елементи на екстериерот, како и ултра-издржливиот Robustec мaтеријал употребен на седиштата.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider