Slider

Вести

Land Rover Defender е прв автомобил со двојна eSIM конекција

Slider

Новата генерација на легендарниот теренец ќе биде препознатлива по своите оф-роуд квалитети, но и технолошкиот напредок кој ќе биде надграден со врвна конективност, чија основа ќе бидат две eSIM картички

08/01/2020

Land Rover реши да го искористи Саемот за потрошувачка електроника (CES 2020) во Лас Вегас, за да го претстави Defender како прв автомобил со двојнo e-SIM поврзување.

Новата генерација на легендарниот теренец ќе биде препознатлива по своите оф-роуд квалитети, но и технолошкиот напредок кој ќе биде надграден со врвна конективност, чија основа ќе бидат два eSIM уреди.

Функционалноста и поврзувањето дополнително се подобрени со двата вградени LTE модеми, кои на пример ќе овозможат автомобилот истовремено да го надградува својот софтвер, додека возачот и патниците уживаат во други содржини и апликации кои користат интернет мрежа.

Еден од двата модема е дедициран за користење на софтверските надградби за Land Rover Defender, а вториот останува резервиран за Pivi Pro инфо-забавниот систем, кој пак дебитира токму кај овој модел на британскиот бренд.

Pivi Pro инфотејнмент концептот подразбира голем број содржини претставени на 10-инчен екран осетлив на допир, но со напреден хардвер кој е на нивото на најновите паметни телефони, а истиот овозможува поврзување на два телефона истовремено преку Bluetooth конекција. Ова подразбира дека возачот и некој од патниците може да ги користат содржините паралелно и без прекинување на една од конекциите.

Pivi Pro поседува сопствена батерија со чија помош ги извршува задачите без никакви задршки уште пред стартувањето на автомобилот, а со помош на CloudCar платформата гарантира наједноставно и најнапредно поврзување со голем број онлајн и стриминг сервиси, чие користење е изводливо и без телефон.

Уште на премиерата на Defender на Саемот во Франкфурт, Land Rover најави дека овој автомобил ќе може да апдејтува 14 контролни точки преку интернет, но таа бројка се зголеми на 16 во периодот кога моделот влезе во фаза на продажба. Инженерите на британскиот бренд предвидуваат дека до крајот на следната 2021 година, сопствениците на LR Defender веќе нема да имаат потреба да ги посетуваат сервисните центри за надградба на софтверот за контролните модули.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider