Slider

Вести

Land Rover Defender избран за автомобил на годината од „Top Gear“

Slider

02/12/2020

Новата генерација на Land Rover Defender продолжи да освојува важни признанија, а сега е прогласен за автомобил на годината на традиционалните годишни награди на „Top Gear“.

– „Автомобил на годината“ е признание кое го добиваат само најдобрите меѓу најдобрите. Знаевме дека замената на една икона е комплицирана задача, па Land Rover со право потроши повеќе време за да испорача вистински автомобил.

– Ние го возевме Defender во пустина низ Намибија, во други најекстремни услови, во 90 и 110 изведбите, со сите достапни мотори и покажа брилијантни карактеристики во секој момент. Се работи за најцврстиот, најспособен теренец што сме го тестирале, но исто така и автомобил кој е рафиниран и одлично опремен за секојдневна употреба, – истакнува Џек Рикс, уредник во екипата на „Top Gear“.

Покрај тоа што експертското жири на „Top Gear“ му ја додели главната награда, го прогласи и за „Незапирлива сила“, посебно признание кое му е доделено на Defender поради својата издржливост, со што е вистински наследник на мисијата која Defender ја реализира многу децении наназад.

Land Rover и Top Gear решија на интересен начин да ја потврдат цврстината на алуминиумската платформа на Defender, поставувајќи три примероци на теренецот на кран на височина од 60 метри.

– Сакавме да покажеме дека новиот Defender навистина ги исполнува очекувањата и да направиме тест во Top Gear стил.

– А, што е подобро од тоа да ми дозволите да се забавувам со 15о-тонски кран, јаже и три примероци на Defender, -вели Том Форд од екипата на „Top Gear“.

Повеќе содржини за Land Rover:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider