Slide

Новитети

Land Rover го претстави Defender 130 – најдолгата изведба на моделот, која може да се нарача со 8 седишта

Slide

Интересно е тоа што новата изведба го има истото меѓуоскино растојание како и 110-ката, па најголем бенефит од 35-те дополнителни сантиметри има багажниот простор.

31/05/2022

Новиот Land Rover Defender во моментов се нуди во две каросериски изведби: Defender 90 – куса изведба со две врати, која има меѓуоскино растојание од 2.59 метри и вкупна должина од 4.58 метри (вклучувајќи го и резервното тркало прикачено на задната врата). Кај Defender 110, кој има четири врати, димензиите се поголеми: 3.02 и 5.05 метри за меѓуоскиното растојание и вкупната должина.

Вреди да се напомене дека веќе некое време се шпекулира со можноста да се лансира и покуса изведба – Defender 80, кој би имал преден погон.

Но, додека оваа изведба е сѐ уште во форма на шпекулација, лансирањето на нова изведба на другиот крај на спектарот беше потврдено уште од пред една година.

“Defender 130 совршено ќе се вклопи на пазарите во Северна Америка, Кина и Средниот Исток”, изјави минатата година Адриан Мардел, главниот финансиски директор на Jaguar Land Rover.

Со денешната премиера, Land Rover го одржа зборот, а воедно потврди дека најголемиот Defender ќе се продава и во Европа.

Интересно е тоа што новата изведба го има истото меѓуоскино растојание како и 110-ката, па најголем бенефит од 35-те дополнителни сантиметри има багажниот простор. Ова е случај дури и кога е кренат третиот ред на седишта. Третиот ред седишта е опција и кај Defender 110, но во тој случај багажниот волумен се намалува на само 160 литри, што е премалку споредено со големите SUV-ови кои се возат во САД.

Defender 130 во иднина ќе се нуди во две варијанти, со пет и со осум седишта. Во варијантата со осум седишта, кога сите се ставени во функција, повторно остануваат 389 литри багажен простор.

При лансирањето, Land Rover ќе го нуди Defender 130 со добро познатите 3.0-литарски хибридни мотори со шест цилиндри во линија. Достапен ќе биде бензинец P400 со 400 hp, додека оние кои сакаат дизел, на располагање ќе имаат два мотора: D250 и D300. 

Очекувано, новиот Defender како сериска опрема ќе има воздушна суспензија која овозможува менување на висината на клиренсот.

Инженерите од Land Rover имплементираа интересно решение токму кај воздушната суспензија. Имено, за да се компензира помалиот агол на заоѓање поради подолгиот заден дел, при кревањето, задната страна на Defender 130 се крева под агол.

Достапни ќе бидат пет пакети на опременост (SE, X-Dynamic SE, X-Dynamic HSE, First Edition и X), а цените започнуваат од 87,300 Евра, за SE D250.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Volvo наскоро ќе започне произведува каросерии од само неколку големи алуминиумски парчиња
Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри