Slide 1

Вести

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover

Slide 1

Се очекува зголемување на продажните цени на новата генерација, со што брендот ќе се обиде да го доближи моделот до ултра луксузниот сегмент на SUV автомобили каде припаѓаат Bentley Bentayga и Aston Martin DBX.

22/10/2021

Според објавената фотографија од производителот, дизајнот на новиот Range Rover го следи изгледот на оној на тековната генерација. 

Заматената фотографија од новата 5-та генерација на најлуксузниот SUV на Land Rover е објавена неколку дена пред официјалното претстсавување, закажано за 26 октомври.

“Range Rover е една од најпрофитабилните серии на Land Rover уште од 2012, кога беше лансирана тековната генерација”, изјави извршниот директор на JLR, Тиери Болоре во февруари годинава на средба со инвеститорите.

Новата генерација ќе биде поставена на MLA (modular longitudinal architecture) платформата, која е конфигурирана за електрични, плаг-ин хибридни и хибридни погони.

Од JLR потврдија дека ќе има и комплетно електрична изведба од новата генерација, но нема да биде помеѓу оние изведби кои ќе бидат достапни уште на стартот.

Претходно, од групацијата најавија дека ќе го лансираат првиот електричен модел во 2024, па во истиот период може да се очекува и електричниот Range Rover.

Директорот за дизајн во групацијата Jaguar Land Rover, за време на истата средба со инвеститорите во февруари, наведе дека новата генерација на Range Rover Sport означува крупен чекор кон трансформација на моделот, со што најавува поголеми промени во однос на технологијата и дизајнот на ентериерот.

“Нема ништо друго на пазарот слично на Range Rover и тоа ќе продолжи да биде така и во иднина. Всушност, следната генерација ќе биде уште попосакувана” – додаде тој.

Се очекува зголемување на продажните цени на новата генерација, со што брендот ќе се обиде да го доближи моделот до ултра-луксузниот сегмент на SUV автомобили каде што припаѓаат Bentley Bentayga и Aston Martin DBX.

“Land Rover има капацитет за да се постави повисоко во пазарните сегменти” – изјави Болоре во февруари.

Land Rover постепено ја зголемуваше цената на тековната генерација во текот на 9-годишниот циклус. Во Велика Британија, на пример, тековните цени започнуваат од 83,525 фунти, за разлика од 73,950 фунти во 2015 година.

Најскапиот модел во моментов е SVAutobiography, изведбата со подолго меѓуоскино растојание и 5.0-литарски V8 мотор, чија цена во Велика Британија започнува од 174,785 фунти.

Нема да има разлика во однос на производствените капацитети, па новата генерација ќе продолжи да се произведува во Англија, во фабриката на JLR во градот Солихул.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental