Slide 1

Вести

Land Rover ќе тестира Defender на погон на водород

Slide 1

16/06/2021

Британската групација Jaguar Land Rover најави дека работи на развивање на изведба на Land Rover Defender на погон на водород, односно горивни ќелии.

Класичните тестирања ќе започнат во текот на годината, а проектот е дел од групациската стратегија за трансформација кон алтернативните погони со нулта емисија.

Погонот на горивни ќелии се храни од водородот во резервоарот, а автомобилот се придвижува од најмалку еден електро-мотор, при што главната предност на овој погон е поголемата автономија и брзото полнење.

Во Jaguar Land Rover сакаат да добијат информации од прва рака за начинот на кој ќе покаже LR Defender пред се во оф-роуд услови, а инженерите ќе имаат можност да бараат решенија за оптимизација на погонот на горивни ќелии, со што конечниот производ би ги исполнил очекувањата на купувачите во однос на возните карактеристики и автономијата.

Статистиката вели дека бројот на регистрирани возила на погон на водород е удвоен од 2018 година, а прогнозите се дека до 2030 година, на улиците ќе има 10 милиони возила и најмалку 10.000 станици за полнење водород.

Повеќе содржини за Land Rover:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla