Slider

Новитети

Land Rover креираше уште подобра верзија на бестселерот Discovery Sport

Slider

Новата платформа ја обезбеди и потребната доза електрификација, па Land Rover Discovery Sport во иднина ќе биде достапен и како плаг-ин хибрид, додека исто кај RR Evoque, oваа ревидирана верзија носи можност за користење на 48V електричен систем

16/09/2019

Пет години по дебито во портфолиото на Land Rover, Discovery Sport доби освежување кое по многу работи се разликува од класично „затегнување на бори“ на средина на животниот циклус. Популарниот Disco Sport минатата година беше бестселер на брендот, па веројатно и самиот испровоцира привилегија која сега е реалност.

Дизајнерските зафати на предниот и задниот дел дефинитивно ја даваат потребната доза освежување во однос на претходникот, па овој Land Rover нема да заостанува зад конкурентите во однос на актуелните трендови. Но, тоа ни оддалеку не е суштината на новиот Discovery Sport, бидејќи производителот темелно работеше на неговиот фејслифт, а потврда за тоа се следните факти.

Discovery Sport ја доби новата платформа која дебитираше со втората генерација на RR Evoque, а тоа значи намалување на тежината, наспроти поголемата торзиска ригидност, додека тренди SUV моделот задржува слични димензии како претходникот и идентично меѓуоскино растојание од 2.741 милиметри. Подобрена е функционалноста на третиот ред седишта, воведено спуштање на вториот ред во однос 40:20:40, од Land Rover велат дека со реорганизација на кабината обезбедиле уште 48 литри простор за предмети во кабината, како и резервоар за гориво чиј капацитет сега изнесува 65 литри.

Новата платформа ја обезбеди и потребната доза електрификација, па Land Rover Discovery Sport во иднина ќе биде достапен и како плаг-ин хибрид, додека исто кај RR Evoque, oваа ревидирана верзија носи можност за користење на 48V електричен систем кој го сместува и овој SUV во друштвото на модели кои користат технологија на „благ“ хибрид. Само почетната изведба со дизел мотор со 150 коњски сили нема да го користи овој систем, па фактот што користи и шест-степен мануелен менувач и има погон на предната оска ќе ја прави и најдостапна за купувачите.

Останатите изведби покрај ZF автоматската трансмисија, ќе го добијат и напредниот погон на сите тркала, како и Terrain Response 2 системот со четири режими на возење кои ќе го адаптираат автомобилот на подлогата и условите.

Технолошките иновации кои веќе дебитираа кај други LR/RR модели ќе го направат поатрактивен и Discovery Sport, меѓу нив е и внатрешниот ретровизор со опција да стане екран за камерата поставена на задниот дел преку која се добива одлична прегледност, а во рамки на ClearSight системот е и можноста возачот на централниот екран да следи што се случува под и пред предниот дел на автомобилот, што е посебно важно при оф-роуд авантурите, но и при избегнување непосакувани пречки во градски услови.

Возачот пред себе може да има и 12,3-инчна дигитална инструмент табла, хед-ап екран, а на централната позиција е 10,25-инчниот екран како дел од Touch Pro инфо-забавниот систем. Discovery Sport добива и безжично полнење за мобилен телефон и голем број безбедносни системи, што дополнително ќе влијае на подобрување на неговата позиција во премиум друштвото.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider