Slider

Вести

Land Rover одбележа 1 милион продадени примероци на Range Rover Sport

Slider

08/02/2021

SUV гамата на Land Rover одамна ги вклучува луксузните модели на подбрендот Range Rover, a британскиот бренд сега одбележа 1 милион продадени примероци на Range Rover Sport.

RR Sport пристигна на автомобилската сцена во 2005 година и експресно стана миленик на купувачите кои сакаа оф-роуд предиспозиции со атрактивен дизајн и врвни перформанси, за годинава производителот да започне да го ситни вториот милион на овој модел.

Годинава на купувачите ќе им биде достапно освежено издание на Range Rover Sport, што би требало да привлече уште поголем број купувачи, а ќе биде загревање за следната генерација која се подготвува за премиера во 2022 година.

Во официјалното видео со кое се одбележува заокружувањето на првиот продаден милион, Range Rover Sport не потсети на рекордниот круг кој со SVR изведбата го извозе на Нирбургринг, како и искачувањето преку 999 скали до „Рајската врата“.

Повеќе содржини за Land Rover:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider