Вести

Land Rover подготвува нови мотори со MHEV технологија, крај за актуелниот V8 дизел

Ваквиот потег би значел и збогување со застарениот V8 4.4-литарски дизел мотор на Ford кој се произведува во Мексико и е подготвен според 10 години стара спецификација

26/03/2020

Најмоќните изведби во понудата на Land Rover, односно Range Rover, во иднина ќе добијат шест-цилиндрични мотори со MHEV технологија (благ хибрид), кои ќе го заменат актулниот V8 дизел мотор.

Британските медиуми откриваат дека по вметнувањето на новите мотори со четири цилиндри и MHEV технологија кај Range Rover Evoque и Land Rover Discovery Sport, инженерите подготвуваат слична комбинација и за дизел агрегатите со шест цилиндри.

Во подготовка биле две верзии, односно мотори со 300 и 350 коњски сили кои ќе добијат мало подобрување на перформансите со помош на MHEV технологијата, намалување на потрошувачката и подобри старт/стоп карактеристики поради присуството на стартер-генератор.

Ваквиот потег би значел и збогување со застарениот V8 4.4-литарски дизел мотор на Ford кој се произведува во Мексико и е подготвен според 10 години стара спецификација.

Останува во иднина да биде откриено и кои модели на Jaguar би ги користеле двете споменати варијации на моторот со шест цилиндри и MHEV технологија.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider