Slide

Новитети

LED светла во серија и повеќе системи за асистенција при возењето за фејслифтот на компактнот кросовер T-Roc

Slide

Клучната разлика која доминира е новата осветлена лајсна која е поставена долж решетката на ладилникот (вклучена со IQ LED), a се забележуваат и нови LED светла.

17/06/2022

За моделската 2022 година, VW направи фејслифт на целата гама на T-Roc, вклучувајќи ги тука и T-Roc R како и Cabrio.

Компактниот кросовер T-Roc е на пазарот од 2017 година, а неговите продажни резултати се повеќе од задоволителни. VW ja надмина границата од еден милион продадени примероци за моделот.

Оваа година е време за фејслифт, а овој фејслифт е прилично екстензивен во споредба со она што претставува фејслифт во автоиндустријата.

Ова се забележува од првите примероци кои пристигнаа во салонот на Volkswagen во Скопје, а ние имавме можност да ги разгледаме одблизу.

Првиот впечаток за надворешниот дизајн не отстапува премногу од дизајнот на моделот пред фејслифтот.

Клучната разлика која доминира е новата осветлена лајсна која е поставена долж решетката на ладилникот (вклучена со IQ LED), a се забележуваат и нови LED светла, кои отсега се вклучени како стандардна опрема на сите пакети на опрема. Задните светла се потемни и имаат нови графики за опционалниот IQ Light. Тие имаат и динамички индикатор.

Во однос на предните светла, дневните светла и трепкачите делат еден светлосен модул кој свети бело или портокалово, во зависност од конкретната функција која ја извршува во моментот.

Светлата LED Plus се достапни како опција во пакетот “Life”, а се вклучени како стандард во пакетот “Style”. Тие вклучуваат светлосни елементи во форма на латинската буква “L”, како и шестоаголни дневни светла поставени на предниот браник.

Опционалните IQ Light предни светла се базирани на LED Matrix технологија, која овозможува подобро осветлување на патот во различни временски услови. Дел од оваа функција е и системот за автоматско исклучување на долгите светла.

И додека екстериерот е умерено редизајниран за да не направи преголема дистинкција со моделот пред фејслифтот, внатрешноста е целосно променета. Додека претходните примероци имаат класични копчиња, контроли и прекинувачи, новиот дизајн, преземен од Golf, доминира во ентериерот на новиот T-Roc.

Секако мислиме на новиот Digital Cockpit, кој е вклучен како стандард, а ги заменува претходните аналогни инструменти. 

Како дополнување на основниот екран со дијагонала од 8 инчи, достапен е и Digital Cockpit Pro, со дијагонала од 10.25 инчи.

Централниот ифотејнмент систем сега е префрлен над отворите за вентилација. Тој го користи најновиот MIB3 систем како основа.

Во основните пакети овој екран кој е осетлив на допир, има дијагонала од 6.5 инчи. Во “Style” и “R-Line” пакетите на опременост како стандард е вклучен систем со 8-инчен дисплеј. Но, постои можност за уште поголем дисплеј со дијагонала од 9.2 инчи како дел од Discover Pro пакетот. Овој пакет вклучува онлајн функционалности како гласовна контрола или стриминг на музика. Apple Car Play и Android Auto овозможуваат безжично поврзување на мобилниот телефон.

Мултифункционалните команди се вклучени како стандардна опрема во редизајнираниот волан. На спортскиот волан кај R-Line моделите и кај T-Roc R, овие команди, наместо физички копчиња, се интегрирани во површината на воланот и се осетливи на допир.

Командите за контрола на клима уредот, исто како и кај останатите VW модели, сега се управуваат преку слајдер кој е осетлив на допир.

Освежениот T-Roc добива многу нова технологија која е основа за нови системи за асистенција при возењето. Еден од нив е IQ Drive Travel Assist, систем кој го презема управувањето, сопирањето и забрзувањето на возилото на брзини до 210 km/h. За одржување на безбедно растојание со возилата пред возилото се грижи автоматскиот темпомат, додека за одржување на безбедно растојание со возилата отстрана во другите коловозни ленти, тука е “Lane Assist”.

Но, сѐ уште сме во 2-рото ниво на автономно управување, па сопствениците ќе мора да ги држат рацете на воланот. За ова, во него е вградена специјална подлога со сензори.

Новиот Predictive ACC е последната изведба на автоматската контрола на растојанието и е вклучен акако стандард во пакетите на опременост Style, R-Line и R. 

Моделите со 7-степена автоматска DSG трансмисија како дополнување ја имаат и “Stop&Go” функцијата.

Преку интегрирање на инпутите од предната камера, GPS податоците, системот за асистенција ги интерпретира локалните ограничувања на брзината, што го олеснува минувањето преку крстосници и кружни текови.

Што се однесува до моторите, во најголем дел тука нема промени. Основниот е TSI 1.0-литарски мотор со три цилиндри кој има сила од 110 hp засега не е достапен во понудата кај нас. Но, достапни се два TSI мотори со четири цилиндри (1.5l со 150 hp и 2.0l со 190 hp).

Како што е случај и со останатите модели ан VW, претходниот 1.5-литарски дизел е заменет со исто толку моќен 2.0-литарски TDI со 115 hp, кој е достапен и во изведба со 150 hp. Повеќе не е достапен дизел моторот со 190 hp. Засега не е достапна PHEV изведба. 

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск