Slide 1
Slide 1

Стории

LED технологијата на новиот Seat Leon: Шпански танц со светлината

Slide 1
Slide 1

05/01/2021

Постојаниот напредок на технологијата и нејзината имплементација во автомобилската индустрија, овозможува и правопропорционална еволуција кај најновите модели.

Еден од најважните елементи кај автомобилите се светлата, бидејќи истовремено влијаат на покомфорно и порелаксирано возење, но и посакуваната што поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Seat е бренд кој уште од 1975 година, во својот технички центар развива сопствена технологија базирана на последните иновации, експериментирајќи во специјален тунел кој репродуцира реално возење во ноќни услови.

– Да гледате подобро и да бидете забележан полесно – тоа се основните начела по кои се водат инженерите, креирајќи го светлосниот дострел на секој нов автомобил, иако во целата приказна се инволвирани и дизајнерите, кои пак од своја страна ја користат имагинацијата за да го филуваат целиот пакет со персонализиран потпис.

Четвртата генерација на Seat Leon беше одлична можност за производителот да ги претстави најнапредните опции достапни за купувачите, а со тоа да ја задржи традицијата, со која овој компакт секогаш е меѓу технолошки најнапредните модели во сегментот.

Она што беше започнато во 1999 година со моќните халогенски светла во специфична форма, продолжи со втората генерација, кога беа понудени и би-ксенон светла, автоматско подесување на височината на снопот, како и осветлувањето на свијоците со помош на магленките.

Наследникот претставен во 2012 година беше првиот Seat и првиот Leon со опција за целосни LED светла, a на тој начин беше промовиран и триаголната форма на предните светла, која стана заштитен знак за брендот.

AutoFocus веќе имаше можност да го тестира новиот Seat Leon FR, a токму светлата се вбројуваат меѓу најважните квалитети кои секој возач сака да ги добие од еден нов и ултра-модерен автомобил.

Во фото-сторијата со наши авторски фотографии ви претставуваме дел од напредната технологија искористена кај светлата на новиот Leon.

Триаголната форма на LED потписот на Leon е само увертира во „танцот со светлата“ во кој може да ужива опкружувањето, а оваа четврта генерација не само што целосно ги исфрла од употреба халогените светла, туку носи и целосно ново ниво во однос на софистицираноста, видливоста и економичноста на светлосните елементи.

Во основната конфигурација на предните светла се вклучени четири диоди на секое светло со видливост од 500 лумени, додека понапредната опција е со единаесет диоди по модул и осветлување изразено со дури 900 лумени.

Досегот на снопот светлина кај соборените светла достигнува 70 метри, температурата на бојата изнесува 5.000 келвини и подразбира осветленост на рангот на дневна светлина, а новиот Leon маестрално и автономно управува со адаптивните долги светла, кои со помош на промената на снопот не дозволуваат да му пречите на автомобил кој се движи во спротивна насока или ве претекнува.

Атрактивната графика на задните светла го прави Leon експресно препознатлив во урбаните средини, а дизајнерите се решиле за трендовска LED хоризонтална линија која ги поврзува двете светла, додека LED осветлување добива и регистерската табличка.

Покрај подобрата видливост за возачот, подобрена е и реакцијата на стоп светлата, LED технологијата подразбира реакција на секоја диода за 150 милисекунди, што на пример, на брзина од 120 км/ч значи дека возачот зад Leon ќе ги забележи стоп светлата 5 метри порано.

Соодветната светлина е важна и за возачот и патниците, па опциите за амбиенталното осветлување овозможуваат адаптирање на интензитетот и тонот на светлото во кабината, односно на светлосен лак кој се протега од предните врати до врвот на централната конзола.

Крајот на секојдневните дружења со новиот Seat Leon се заокружува со срдечниот поздрав „Ола (Hola)“, кој се проектира на подлогата покрај автомобилот, при секое отворање на предните врати.

Новата генерација на Leon претставува модерен семеен автомобил со раскошно технолошко портфолио, а концептот на светлосниот пакет има важна улога во комплетирање на целосниот впечаток за секогаш привлечниот бестселер на Leon.

OLI_3830
OLI_3840
OLI_3845
OLI_3848
OLI_3876-1
OLI_3898

Exit full screenEnter Full screen
претходнапретходна
следнаследна

Фотографии: AutoFocus

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“