Slide 1

Вести

LED технологијата на Opel овозможува адаптирање на светлосниот сноп за само неколку милисекунди

Slide 1

Со нетрпение ги очекуваме првите примероци на новата генерација на Opel Astra, во која ќе дебитира IntelliLux LED Pixel Light

28/10/2021

Развојот на технологијата на светлата во автомобилската индустрија е процес во кој поголем број на производители дале свој придонес со иновации кои овозможувале поголема безбедност во сообраќајот.

Еден од производителите кои несомнено имаат значително влијание врз развојот на оваа технологија е германскиот производител Opel. 

Во последната декада развојот на технологијата овозможи голем напредок на технологијата која се однесува на светлата. Најголем дел од производителите ја користат LED технологијата, која ја развива и Opel под името IntelliLux Matrix. Оваа технологија дебитираше во 2015 година, при лансирањето на Astra K. Тогаш, благодарение на Opel, оваа технологија започна да се вградува и во автомобили од компакт класата. 

Тогаш, светлата на бестселерот имаа вкупно 16 LED елементи (по 8 во светло), кои автоматски и во континуитет ја адаптираа должината и распределбата на светлосниот сноп во зависност од условите на патот, при што не ги заслепуваат возилата кои доаѓаат од спротивната страна, како и оние кои се во непосредна близина пред автомобилот.

Начинот на кој функционира оваа технологија е прилично едноставен: штом автомобилот го напушти градот, matrix светлата автоматски ги вклучуваат долгите светла, но постојано ја адаптираат должината на светлосниот сноп следејќи ги возилата кои доаѓаат од спротивната насока.

Значаен исчекор во развојот на IntelliLux технологијата беше направен во 2017 година, кога во новата генерација на Opel Insignia беа интегрирани 32 LED елементи (по 16 во левото и десно светло). Нешто подоцна, оваа технологија беше воведена и во Corsa.

Минатата година IntelliLux Matrix светлата дебитираа и кај Opel Mokka, при што станаа интегрален дел од визуелниот идентитет на кросоверот, креирајќи геометриска целина со маската во форма на визор. 

Но, развојот не застанува тука. Со нетрпение ги очекуваме првите примероци на новата генерација на Opel Astra, во која ќе дебитира IntelliLux LED Pixel Light – така производителот ја брендира надградената верзија на LED светлата, која ќе вклучува дури 168 LED елементи распоредени подеднакво во предните светла.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental