Вести
Легендарниот Enzo постави нов рекорд на онлајн аукција
Одлично сочуван, 17 години стар примерок на Ferrari Enzo стана нов рекордер во историјата на онлајн аукциите, откако е продаден за 2,64 милиони долари
Коронавирусот ги спречи и класичните аукции на автомобили, но колекционерите имаат алтернатива, откако на сцена стапија онлајн наддавањата.
Аукциската куќа „Сотби’с“ на крајот на претходниот месец реализираше голема аукција во која беа вклучени вредни примероци на историски модели, при што е постигнат и нов рекорд.
Одлично сочуван, 17 години стар примерок на Ferrari Enzo стана нов рекордер во историјата на онлајн аукциите, откако е продаден за 2,64 милиони долари.
Анонимниот фан на овој автомобил ќе биде трет сопственик, а покрај одличната состојба во однос на одржувањето, мора да се потенцира дека цената е толку висока бидејќи црвениот Enzo имал поминато само нешто повеќе од 2.000 километри.
Крајната цена е четири пати поголема од почетната одредена од аукциската куќа (650.000 долари), а ова Ferrari располага со V12 мотор со 651 коњска сила.
Италијанскиот бренд произведе 400 примероци на Enzo, 399 беа продадени уште пред да почне производството, а последниот примерок му беше подарен на Ватикан за собирање хуманитарсни средства.
Во сенка на рекордерот помина Ferrari 288 GTO од 1985 година кој бил продаден за 2,3 милиони долари, а трет според достигнатата цена бил Ford GT (836.000 долари).
На аукцијата биле понудени 193 автомобили, од кои биле купени 115 за вкупна сума од 16,3 милиони долари.
Повеќе содржини за Ferrari