Slide

Вести

Lexus експеримент: Погледнете колку е опасна една смс порака додека возите (Видео)

Slide

07/04/2021

Експертите за безбедност во сообраќајот одамна апелираат дека користењето на мобилните телефони се сериозна дистракција за вниманието на возачот, а со тоа прават ризик не само за него, туку и за сите други учесници во сообраќајот и пешаците.

Lexus направи интересен потег во обид да апелира за избегнување на користење на телефоните или поточно, испраќање и читање смс пораки при активно учество во сообраќајот.

Возачите најчесто сметаат дека само на секунда го тргаат погледот од патот пред себе, но истражувањата покажале дека во просек дистракцијата трае 4,6 секунди.

За колку долг период станува збор, покажува фактот што со брзина од 80 км/ч, за 4,6 секунди може да се помине цело НФЛ игралиште, велат американските експерти.

Сето ова е искористено како повод за интересна реална проекција што значат овие нецели пет секунди и колку возачите ги потценуваат. Самоуверените возачи на Lexus NX на крајот ја научија лекцијата, која треба да ја знаат сите возачи.

Повеќе содржини за Lexus:

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели