Slider

Стории

Lexus ES и Škoda Superb на врвот според просторот за нозе меѓу седаните од две класи

Slider

На врвот се Lexus ES и Škoda Superb, со измерени 85 сантиметри, по што следуваат Volkswagen Arteon и Passat, кои ја делат втората позиција со по 83 сантиметри

05/10/2020

Десетина сантиметри можат да имаат големо значење во однос на карактеристиките на еден автомобил, а посебно кога се работи за просторот за нозе на задната клупа.

Должината на автомобилот не значи и правопропорционален простор за патниците на задните седишта, а тоа го потврдува и споредбата направена од француски „Ауто Плус“.

Експертите ангажирани од медиумот го измериле просторот кој го обезбедуваат седаните од средната и високата средна класа меѓу долниот дел на на наслонот и седиштето на возачот, при што се почитувани одредени протоколи во однос на позицијата на предното седиште и слично.

Maserati Ghibli може да има многу квалитети со кои ги освојува купувачите, но неговите 4,98 метри не значат дека обезбедува повеќе простор за нозете/колената на задната клупа во однос на пократките ривали.

Во оваа споредба, Ghibli заврши на последното место, со 70 сантиметри простор кој е доволен само за моделите од компакт класата.

На врвот се Lexus ES и Škoda Superb, со измерени 85 сантиметри, по што следуваат Volkswagen Arteon и Passat, кои ја делат втората позиција со по 83 сантиметри. Зад нив следува четворка со сантиметар помалку, која ја сочинуваат Jaguar XF, Toyota Camry, BMW 6 GT и Volvo S90.

Од рангирањето може да се забележат интересни факти, како на пример тоа што Octavia обезбедува повеќе простор од Audi A6 и Mercedes E-Class, a e рамноправна со BMW 5 Series.

Седани со најмногу простор за нозете на задната клупа

1. Lexus ES 85 см.
1. Škoda Superb 85
3. VW Arteon 83
3. VW Passat 83
5. Jaguar XF 82
5. Toyota Camry 82
5. BMW 6 GT 82
5. Volvo S90
9. Kia Stinger 81
10. Mazda 6 80
11. Opel Insignia 79
11. Volvo S60
13. Alfa Romeo Giulia 78
13. Mercedes CLS 78
13. Renault Talisman 78
16. Audi A7 Sportback 77
16. BMW 5 Series 77
16. Škoda Octavia 77
19. Audi A6 76
19. Lexus IS 76
19. Mercedes E-Class 76
22. BMW 3 Series 75
22. Mercedes C-Class 75
24. Jaguar XE 74
24. Ford Mondeo 74
24. Audi A5 Sportback 74
27. Audi A4 73
27. Subaru Levorg 73
29. Peugeot 508 71
30. Maserati Ghibli 70

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider