Slide 1

Новитети

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид

Slide 1

14/06/2021

Моделот NX има големо значење за Lexus, по премиерата во 2014 година стигнал до најмалку 170.000 купувачи во Европа, кои изминативе години имаа задоволство да се уверат во квалитетите на SUV моделот засилен со препознатливиот хибриден погон на групацијата.

Сега на сцена стапува втората генерација нa NX, за која јапонскиот премиум бренд трпеливо подготвуваше терен и внимателно го бираше концептот кој ќе привлече и нови купувачи, а ќе ги исполни очекувањата и на актуелните фанови.

Lexus NX напредувал од секој можен аспект, добива жестока доза нова технологија, а важно е што и првпат ќе биде понуден и како плаг-ин хибрид.

Дизајнерската еволуција ја задржува препознатливата форма на NX, но кросоверот е уште помускулест и со подинамична силуета, додека во однос на димензиите важно е зголемувањето на меѓуоскиното растојание за 3 сантиметри.

Во кокпитот Lexus го претставува својот Tazuna концепт, кој претставува напредок во однос на ергономијата, но и интуитивното користење на командите, возачот пред себе има дигитална инструмент табла и хед-ап проекција, додека достапен е и 14-инчен централен екран, еден од најголемите во сегментот.

Новиот NX во 350h изведбата ќе ја носи четвртата генерација на хибридниот погон на групацијата Toyota, а моќноста од 242 коњски сили е надополнета со подобри перформанси.

Дебитантот NX 450h ќе биде првиот плаг-ин хибрид воопшто на Lexus, а е најавен со 306 коњски сили и автономија на електричен погон до 63 километри.

Повеќе содржини за хибриди:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla