Skip to content

Новитети

Lexus го претстави својот прв електричен модел, кросоверот UX 300e

Погонската единица се грижи за перфомансите (201 кс и 300 Nm), но и за економичноста со едно полнење на (54,3 kWh) батеријата, а најавената автономија е 400 километри (NEDC)

22/11/2019

Премиум квалитетите на автомобилите со логото на Lexus досега во електрифицираната ера можеа да се консумираат како хибриди, но во иднина ќе бидат и се повеќе електрични изведби.

Првата, со која започнува ова поглавје во историјата на Lexus е кросоверот UX со ознака 300е, кој по премиерата во Кина, ќе се подготвува за сериско производство и комерцијализација на повеќе континенти.

Овој Lexus ги задржува позитивните елементи како дизајнот и функционалноста на класичниот UX, но инженерите на јапонскиот бренд имале предизвик да ги искористат придобивките на електричниот погон и да го трансформираат овој кросовер во поинаква варијација која идентично ќе импресионира со возните карактеристики.

Погонската единица се грижи за перфомансите (201 кс и 300 Nm), но и за економичноста со едно полнење на (54,3 kWh) батеријата, а најавената автономија е 400 километри (NEDC).

Во понудата на Lexus UX 300e ќе биде и пакетот со голем број безбедносни системи, а за подобрување на корисничкото искуство ќе се грижи LexusLink апликацијата која овозможува следење на состојбата на батеријата, безжично активирање на клима-уредот и следење на процесот на полнење.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend