Slide

Вести

Lexus подготвува помал и подостапен кросовер од UX

Slide

Неговото име ќе биде Lexus BX и ќе биде поставен под UX, а со пониската цена ќе стане и најдостапен Lexus, кој истовремено ќе ги потенцира предностите на хибридниот погон

12/05/2020

Откако минатата година во вклучи најмалиот UX во својата SUV понуда, премиум брендот Lexus сака да ја продолжи офанзивата во овој сегмент, вклучувајќи уште еден кросовер.

Неговото име ќе биде Lexus BX и ќе биде поставен под UX, а со пониската цена ќе стане и најдостапен Lexus, кој истовремено ќе ги потенцира предностите на хибридниот погон.

Слично на неодамна претставениот Toyota Yaris Cross, идниот BX би го понудил хибридниот погон кој вклучува 1.5-литарски бензински мотор, а според специјализираните медиуми од Јапонија, BX сепак ќе има поголем габарит од Yaris Cross.

Достапна ќе биде и изведбата со погон на четири тркала, со дополнителен електро-мотор, а на овој начин Lexus ќе може да стигне до уште подобри бројки во битката пред се со германските ривали.

Повеќе содржини за Lexus

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели