Slide

Вести

Lexus повлекува три модели од Европа и ќе се фокусира на SUV понудата

Slide

19/10/2020

Премиум брендот Lexus ќе ја намали понудата на модели во Европа, за да се концентрира на SUV портфолиото кое е најбарано на овој континент.

Јапонскиот производител потврдил дека моделите CT, IS и RC ќе бидат достапни за европските купувачи до потрошување на актуелната залиха во продажната мрежа, по што во продажните салони ќе доминира SUV понудата.

Најпродаван модел во првите осум месеци на 2020 година бил кросоверот UX со 10.291 продаден примерок, по што следува поголемиот NX со 7.739 примероци, а третото место очекувано му припадна на најголемиот SUV, моделот RX, кој од јануари до август завршил кај 3.474 нови европски купувачи.

Од друга страна, заедничката продажба на CT, IS и RC едвај надминува 4.000 продадени примероци, што е доволен знак за Lexus да се реши на менување на стратегијата и фокусирање на SUV моделите, кои во моментов се тренд во Европа.

Барем засега Јапонците не се откажуваат од седаните ES и знаменосецот LS, со кои им парираат пред се на германските производители, а купувачите ќе можат да стигнат и до ограничен број примероци на перформанс изведбата RC F.

Според JATO Dynamics, продажбата на Lexus е намалена за 21 процент во однос на првите осум месеци минатата година, но тоа е под европскиот просек кој бележи негатива од 33 проценти.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели