Skip to content

Новитети

Lexus RX со технолошка еволуција и уште посилна доза луксуз

Хибридната приказна на Lexus RX започнува од 2005 година со изведбата RX 400h, но целосната продажба на овој модел надминува повеќе од 3 милиони примероци

18/10/2019

Пионерската улога на Lexus RX во сегментот на луксузни хибриди останува негова сериозна вредност, но и дополнителна мотивација за јапонскиот бренд, кој ја претстави новата изведба на SUV моделот.

Првпат претставен во 1998 година, RX се претвори во најпрепознатлив модел на Lexus, а денеска добива автентичен дизајн, максимален комфор за патниците, како и хибриден погон со кој уште еднаш ја промовира технологијата во која групацијата Toyota успеа да се наметне како глобален лидер.

Хибридната приказна на Lexus RX започнува од 2005 година со изведбата RX 400h, но целосната продажба на овој модел надминува повеќе од 3 милиони примероци, што е уште еден доказ за глобалната популарност на луксузниот SUV.

Дизајнерите го освежија RX додавајќи му ги последните елементи на актуелниот дизајнерски јазик на брендот, со што RX сега е поблизок до целосно новиот и помал UX, а главната мајсторија на Јапонците е да ги спојат елеганцијата, спортскиот израз и робустноста на еден модел кој ќе ги истакнува модерните вредности на Lexus.

Во кабината останува специфичната изработка и избор на квалитетни материјали, а амбиентот е помодерен со 12,3-инчниот централен екран кој е осетлив на допир, но се уште може да се управува и со препознатливиот Lexus „тачпад“ кој исто така е вметнат во напредна верзија. Јапонците ја истакнуваат соработката со Apple и Google и нивните познати сервиси, како и можноста за користење на гласовните команди.

Третиот ред седишта во Lexus RX  сега обезбедуваат повеќе простор за патниците, а посебно внимание е посветено на подвозјето, кое не само што испорачува поголем комфор, туку и можност за адаптирање на тркалата во однос на ситуацијата на подлогата и патот.

Во изборот на погонски единици, фаворит на купувачите сигурно ќе остане хибридниот RX 450h во кој е вклучен V6 мотор и чија вкупна моќност е 262 коњски сили, додека бензинската изведба RX300 со 2.0-литарски мотор ќе биде понудена на одреден број пазари.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend