Slide
Slide

Новитети

Лимитирана серија на Audi TT RS, посветена на јубилејот на quattro

Slide
Slide

Името 40 jahre (40 години) quattro е вметнато како наставка за одбележување на поводот за специјалното издание на спортското купе, кое ќе биде достапно во само 40 примероци

16/10/2020

Технолошката иновација позната како quattro одбележува 40-годишен јубилеј од своето деби кај легендарниот Audi Quattro, a германскиот производител реши да му посвети и лимитирана серија на Audi TT RS.

Името 40 jahre (40 години) quattro е вметнато како наставка за одбележување на поводот за специјалното издание на спортското купе, кое ќе биде достапно во само 40 примероци.

Audi TT RS 40 jahre quattro под поклопецот го добива 2.5-литарскиот бензински мотор со 400 коњски сили и вртежен момент од 480 Nm, тој соработува со седум-степена S tronic трансмисија, а quattro погонот ги дистрибуира вртежите на двете оски.

Максималната брзина е зголемена до 280 км/ч, забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае само 3,7 секунди, а возачот на ова ТТ RS ќе може да ужива во специфичниот ритам и „саундтрак“ од моторот со пет цилиндри.

Audi направи и одредени зафати за намалување на тежината и подобрување на аеродинамичноста, ентериерот ја следи спортската приказна, а боите и стикерите на каросеријата се посветени на успесите на Audi quattro и посебно на автомобилот со кој Валтер Рерл победил на „Пајкс Пик“ во 1987 година.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1