Slide

Стории

Лука де Мео успеа да ги смири Renault и Nissan, преку комплетно рестартирање на алијансата

Slide

Првата задача на Де Мео, по неговото назначување на тековната позиција во јули 2020, беше да ја поправи финансиската ситуација на Renault, со оглед на тоа дека во тој период производителот бележеше загуби.

07/02/2023

Лука Де Мео, извршниот директор на Renault работеше осум месеци со цел рестартирање на алијансата со Nissan, со очекувања резултатот да биде комплетен нов почеток, а не само компромис на незадоволни партнери.

Од перспектива на Де Мео, претходно спојувањето на двете компании беше гледано како краен исход, па голем дел од деловните одлуки беа резултат на таквата перспектива.

“Се соочивме со култура на компромис, што не е оптимално решение”, изјави Де Мео за време на интервју минатата година.

Двете компании минатиот месец ги завршија преговорите по кои ќе следи промена на нивниот сопсвенички удел во алијансата. Секоја од двете компании ќе има по 15% сопственички удел во другата компанија, додека 28-те проценти удел кои Renault ги има во Nissan ќе бидат отстапени на француски фонд. Овој фонд ќе може да ги продава уделите според пазарните потреби.

Дополнително, двете компании се согласиле да работат на пет нови заеднички проекти, а Nissan ќе стане сопственик на 15% од новиот електричен бренд на Renault, именуван ккао Ampere.

И третиот партнер во алијансата, јапонскиот Mitsubishi размислува за инвестиција во Ampere.

Првата задача на Де Мео, по неговото назначување на тековната позиција во јули 2020, беше да ја поправи финансиската ситуација на Renault, со оглед на тоа дека во тој период производителот бележеше загуби.

Откако таа цел беше остварена дојде време и за рестартирање на алијансата со Nissan. Според него, намалувањето на големината на Renault (тој го намали производствениот капацитет на компанијата за 20%), може да биде предност во време кога индустријата се соочува со конкуренција од нови технолошки напредни компании, како што е Tesla.

“Живееме во време кога сите произведуваат помалку, но остваруваат повеќе профит. Како и да е, просекот во индустријата е 3.5 милиони автомобили годишно по бренд, а Renault ќе се движи во тој просек”, изјави де Мео. 

Минатата година вкупните продажби на Renault изнесуваа 2.05 милиони возила, додека Nissan продаде 3.2 милиони возила.

Што се однесува до деталите околу алијансата, во моментов не се планира Nissan да има сопственички удел во заедничкото вложување кое Renault ќе го основа во соработка со кинескиот гигант Geely Group, чија цел ќе биде производство на мотори со внатрешно согорување.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа