Slide 1

Новитети

Lucid го претстави електричниот Air, седанот има автономија од 832 км и најбрзо полнење

Slide 1

Новиот производител се пофали и со 900V архитектура, што ќе може да овозможи досег од 32 километри со само една минута полнење

10/09/2020

Американскиот бренд Lucid официјално стана дел од автомобилската мапа, претставувајќи го својот прв модел, електричниот седан кој го доби името Air.

Луксузниот Air ќе биде сериозен ривал на моделите на Tesla, но и останатите производители кои полека се приклучуваат во трката на електричен погон, а калифорнискиот старт-ап има навистина големи амбиции кои ги покажува и со бројките поврзани со првата премиера.

Lucid Air ќе располага со два електро-мотора преку кои ќе обезбедува страшни 1.080 коњски сили, а автономијата стигнува до 832 километри, нешто што ќе биде голем предизвик за многу попознатите брендови и е подобра бројка за 28 проценти од една Tesla Model S Long Range Plus.

Новиот производител се пофали и со 900V архитектура, што ќе може да овозможи досег од 32 километри со само една минута полнење. Максималниот капацитет за полнење е 300 kW, а како споредба истиот кај Tesla Model S е 250 kW, додека Porsche Taycan со 800V технологија може да стигне до 270 kW.

Производителот ги истакнува и ултра лесните материјали искористени за производство, како и аеродинамичноста за која Lucid тврди дека е 0,21 и дека е рекорднен коефициент на отпор во авто-индустријата.

Во луксузниот ентериер доминира 34-инчниот заоблен екран пред возачот, кој поддржува 5K технологија, на централната конзола има уште еден вертикално поставен екран, а Lucid тврди дека патниците на задната клупа ќе добијат простор како да се во Mercedes S-Class.

Првите примероци ќе бидат достапни од пролетта во 2021 година, а овие Dream Edition примероци ќе чинат по 169.000 американски долари, при што Lucid најави и изведба со еден електро-мотор, чија цена нема да надминува 100.000 долари.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental