Вести
Лука де Мео најави дека Renault ќе продолжи со EV трансформацијата, дури и без партнерите од Nissan и Mitsubishi
Де Мео најави дека есенва ќе ги открие деталите за планот за трансформација, но само по транспарентните дускусии со своите јапонски партнери.
“Тие се свесни дека ние мораме да го направиме ова, а ќе направиме сѐ за да им ја отвориме вратата за влез во сите проекти”, изјави Лука де Мео, извршниот директор на Renault.
“Сепак, нивна е одлуката дали ќе се придружат, но мое е да нагласам дека возот ја напушта станицата”, додаде тој фигуративно.
Планот на де Мео да ја подели компанијата на два дела е во фокусот на јавноста откако започнаа консултации со синдикатите и врвниот менаџмент на партнерите на Renault во групацијата, производителите Nissan и Mitsubishi.
Де Мео најави дека есенва ќе ги открие деталите за планот за трансформација, но само по транспарентните дускусии со своите јапонски партнери.
Тој во интервју најави дека веќе стотици луѓе работат на проектите на електрификацијата, и дека тие проекти имаат многу поголем капацитет, отколку само одвојување на производството на електричните модели во посебна компанија.
Тој воедно најави и можност за нови партнерства во иднина. “Во моментов разговараме со многу луѓе”, изајви де Мео во интервјуто. Исто така, тој нагласи дека односот со јапонските партнери е на високо ниво.