Slider

Новитети

Луксуз со многу нова технологија: Премиера на новата генерација на Mercedes S-Class

Slider

Без разлика дали ќе имате личен возач или не, S-Class е расположена за споделување на своите квалитети, а најмала доза еволуција вообичаено има на дизајнот, каде лимузината одржува континуитет, но со дозирање на свежината и промени во однос на светлата и нивниот оптички потпис

02/09/2020

При секоја премиера на нова генерација на знаменосецот S-Class, Mercedes го најавува автомобилот како свој технолошки најнапреден претставник во историјата.

Тоа и не може да биде повистинито, бидејќи секое ново издание на S-Class навистина е колекција на технички-технолошки иновации кои потоа, помалку или повеќе, се користат и кај останатите модели на германскиот бренд.

Денеска, Mercedes ја реализираше дигиталната премиера на S-Class и ги претстави сите напредни системи, функции и карактеристики на луксузната лимузина која обично се купува за да се ужива во нејзините квалитети од задните седишта.

Без разлика дали ќе имате личен возач или не, S-Class е расположена за споделување на своите квалитети, а најмала доза еволуција вообичаено има на дизајнот, каде лимузината одржува континуитет, но со дозирање на свежината и промени во однос на светлата и нивниот оптички потпис.

Во кабината доминира големиот централен вертикално поставен екран, преку кој се добива и втората генерација на интелигентниот MBUX систем, па возачот и патниците можат да користат многу функции и преку гласовна комуникација со личниот софтверски асистент.

Покрај задолжителното внимание на комфорот, подобрени се и возните карактеристики, задните тркала се вртат до агол од 10 степени на брзини до 60 км/ч, Mercedes најавува рекордна аеродинамичност (0,22), а капацитетот на багажникот стигна до 550 литри.

На почетокот на продажбата, S-Class ќе биде достапна со дизел моторите со 286 и 330 коњски сили, како и бензинска изведба со 435 коњски сили. Уште отсега е најавена и плаг-ин хибрид изведба која на електричен погон ќе може да помине околу 100 километри.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider