Slide

Вести

Lunaz ќе понуди класични Range Rover изведби на електричен погон

Slide

07/12/2020

Компанијата Lunaz продолжува да приредува изненадувања за фановите на автомобилските класици и најави дека ќе понуди електрична верзија на легендарните изведби на Range Rover.

Најавена е првична производствена етапа од 50 луксузни примероци на Range Rover во изведби произведувани меѓу 1974 и 1990 година, а истите ќе бидат понудени во градска и кантри, односно верзија со кратко и долго меѓуоскино растојание.

Сите примероци на Range Rover минуваат низ специјален процес на адаптација и конверзија, при кој се гарантира задржувањето и на нивниот оф-роуд потенцијал, по што се вметнува електричниот погон на Lunaz.

Интересно е што компанијата со седиште во Силверстоун вметнува и современ систем за климатизација, како и инфо-забавен систем со екран, кој сепак не влијае негативно врз обидот да се задржи автентичниот изглед на кокпитот и ентериерот.

Она што е најважно, секој купувач има можност максимално да влијае на персонализација на својот примерок, што гарантира исполнување на личните желби, а пример за тоа е и фактот што Lunaz веќе подготвува Range Rover со подвижен покрив, во таканаречена „сафари“ конфигурација.

Lunaz зад себе веќе има успешни електрични конверзии на модели на Bentley, Rolls-Royce и Jaguar, а побарувачката од купувачите ги натерала да го направат истиот процес и со Range Rover.

Цената на Range Rover класик со доработка и електричен погон на Lunaz, започнува од 245.000 фунти, но тоа не е причина да нема доволно заинтересирани купувачи.

Повеќе содржини за Land Rover:

 

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан