Slider

Вести

Macan најпродаван модел на Porsche, Taycan за малку не го престигна 911

Slider

20/04/2021

Продажните резултати на Porsche за првиот квартал на 2021 година покажуваат дека германскиот бренд забележил раст од дури 36%, односно испорачал 71.986 автомобили во првите три месеци од годината.

Porsche бележи раст буквално во секој поважен регион, а најголем раст има во Кина, каде продажбата е зголемена за цели 56%.

Следуваат регионот Азија-Африка со 46%, па Соединетите Американски Држави со поголема продажба за 45%, додека во Европа растот изнесува 16 проценти.

Во првиот квартал, најпродаван модел на Porsche бил Macan, кој завршил кај 22.458 нови купувачи, со што помалиот SUV успеа да го надмине ланскиот бестселер Cayenne, кој овој пат бил втор со 19.533 продадени примероци.

Следува легендарниот 911 со 9.133 продадени автомобили, а интересно е што електричниот Taycan е веднаш зад него (9.072) и веројатно наскоро може да очекуваме промена на пласманот меѓу овие два модела.

Повеќе содржини за Porsche:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider