Slide 1

Вести

„Макпетрол“ одбележа 200.000 членови во семејството ВЕРНА

Slide 1

02/10/2020

Макпетрол АД е компанија која во својот работен фокус постојано ги има потребите на своите потрошувачи. Работејќи по највисоки стандарди кога станува збор за нафтените деривати, Макпетрол АД на своите корисници им нуди производи со загарантиран квалитет.

Свесни за повеќе димензионалноста на делокругот на работа, компанијата веќе шест години работи на спроведување и усовршување на програмата за лојалност ВЕРНА, преку која ги наградува своите верни потрошувачи, но и учи за нивните желби и потреби се со цел подигнување на услугата за уште едно повисоко ниво.

ВЕРНА програмата за лојалност на компанијата Макпетрол АД доживеа голем успех. Потрошувачите ја препознаа намерата на компанијата да создаде двонасочен однос со цел подобрување на нивните искуства кога станува збор за соработка со компанијата.

Потврда за овој успех е и доделувањето на 200 илјадитата картичка од програмата ВЕРНА, на господинот Жарко Јорданоски, а како добредојде од компанијата Макпетрол АД му подарија и 200 литри гориво. Денес, оваа програма стана семејство кое брои 200 илјади членови, 200 илјади потрошувачи кои ни ја довериле нивната доверба, 200 илјади граѓани кои можат да ги користат поволностите од оваа програма, а во исто време и да ги исполнат условите за учество во наградната игра на Макпетрол АД.

– Навистина ми е драго што станав дел од програмата за лојалност ВЕРНА на компанијата Макпетрол АД. Големо изненадување претставуваше известувањето што го добив, дека сум добитник на наградата како 200 илјадити член на ВЕРНА, посебно затоа што сум нов корисник на горивата на компанијата. Сакам да посочам дека до пред извесно време гориво точев од други компании, но не бев задоволен. Како што станав потрошувач на горивата на Макпетрол АД веднаш почувствував разлика во работата на мојот автомобил, компанијата навистина ја заслужува мојата доверба, – кажа 200 илјадитиот член на семејството ВЕРНА, Жарко Јорданоски.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Volkswagen, по примерот на Tesla, планира да заработи стотици милиони евра од бесплатните Over-the-Air надградби
Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024