Вести
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Моделот EX30, кој ќе биде претставен на 7-ми јуни, ќе има предупредување за отворање на вратата, доколку во моментот на отворање во близина минува велосипедист.
Најмалиот електричен SUV на Volvo ќе биде првиот модел на шведскиот премиум производител кој ќе има систем насочен кон заштита на велосипедистите.
Моделот EX30, кој ќе биде претставен на 7-ми јуни, ќе има предупредување за отворање на вратата, доколку во моментот на отворање во близина минува велосипедист.
Системот ќе биде дел од стандардната опреам во сите модели.
Овие сообраќајни незгоди кои се резултат на удирање на велосипедист во моментот на отворање на вратата на возилото, претставуваат околу 20% од сите пријавени незгоди во кои учествуваат велосипедисти. Според извори во Велика Британија, околу 60 велосипедисти во оваа земја годишно го губат животот или се сериозно повредени како резултат на удар во моментот на отворање на вратата од возило до кое минувале.
Освен овој модел, слични системи имаат и Audi A8, Hyundai Santa Fe како и Skoda Oktavia.
Извршниот директор на Volvo, минатата година најави дека технологијата вградена во моделот EX30 ќе претставува значителен чекор кон остварување на целта на компанијата, до 2025 година најголем дел од продадените автомобили да бидат електрични.
Малиот SUV ќе вклучува и систем кој 13 пати во секунда го мониторира движењата на окото на возачот кој управува со возилото. Оваа технологија забележува доколку возачот не внимава на патот, по што упатува звучно предупредување.