Slide

Новитети

Малиот електричен Smart #1 е дизајниран од Mercedes, a ќе дели иста платформа со електрчните модели на Volvo

Slide

Моделот ќе се конкурира со неколку премиум мали електрични возила, како што се Honda e, DS 3 Crossback и Mini Electric.

11/04/2022

Брендот Smart го презентираше својот прв модел по сопственичкото реструктурирање, по кое брендот сега е во заедничка сопственост на Mercedes и Geely.

Се работи за комплетно електричен мал кросовер со автономија од 440 километри и можност за полнење од 10 до 80% од капацитетот на батеријата за помалку од 30 минути.

Моделот “#1” е долг 4,270мм и со тоа е најдолгиот Smart модел досега. Со овој модел, брендот, кој досега произведуваше мали градски автомобили како For Four и ForTwo, влегува во поголемите сегменти. Тој ќе се произведува во Кина, за разлика од претходните модели на Smart, кои се произведуваа од страна на Daimler во источна Франција и од страна на Renault во Словенија.

Smart го прикажа моделот #1, кој е предвидено да се изговара “hashtag one”, за време на настан кој се одржа во Берлин.

Дирк Аделман, извршниот директор на Smart за Европа, изјави дека пред-нарачките ќе стартуваат во септември, а нарачките во декември. Стартот на производството се очекува за крајот на годинава.

Аделман објаснува дека #1 е само зачеток на сѐ она што ќе следи од брендот Smart. “Со ребрендирањето уште повеќе ќе се фокусираме на мобилноста”, додаде тој.

Не беа објавени информации во врска со цените. Досега, додека брендот беше во сопственост на Daimler, беше позициониран како бренд кој произведува премиум градски возила.

Кросоверот #1 има 66kWh батерија и 200 kW електричен мотор. Од Smart појаснуваат дека податоците за автономијата од 440 километри се прелиминарни, во очекување на WLTP сертификацијата ќе биде спроведена во втората половина од годинава.

Според претставниците на Smart, автономијата на новиот модел ќе овозможи тој да се користи за различни патувања, наместо тој да служи само како урбано возило.

Во однос на полнењето на батеријата од 10 до 80% за помалку од 30 минути, тие вредности се однесуваат на 150kW полнач со директна струја, додека на 22kW полнач, потребни ќе бидат околку три часа.

Моделот ќе се конкурира со неколку премиум мали електрични возила, како што се Honda e, DS 3 Crossback и Mini Electric. 

Во зависност од цената, моделот може да биде конкурент и на Peugeot e-2008 и Opel Mokka-e.

Брендот Smart беше лансиран кон крајот на минатиот век, замислен како премиум урбан бренд за европските градови. Но, Daimler долго се обидуваше да изнајде профитабилен бизнис модел за брендот, по што во 2020 објави дека склучил договор за заедничко вложување со кинеската групација Geely Holding Group. 

Geely е голема кинеска групација која меѓудругото, го поседува и брендот Volvo, a има и 9.7 проценти удел во Mercedes. Токму новиот модел на Smart ќе се произведува на истата модуларна платформа која Geely ќе ја користи за производство на електрични модели од брендот Volvo.

Според планот, Mercedes ќе ги дизајнира идните модели на Smart, а ќе се произведуваат од страна на Geely во фабрика во Кина, која ќе има годишен капацитет за производство на 150,000 возила.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди