Новитети
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Raval за првпат беше прикажан минатиот јуни, како концепт именуван Urban Rebel. Но, неодамна беше објавено неговото официјално продукциско име.
Преградието на Барселона е инспирација за името на малиот електричен автомобил кој ќе биде додаден во портфолиото на Шпанскиот производител во рамките на VW Group.
Со ова се продолжува праксата за именување на моделите на Cupra според преградија на Барселона, откако и првиот електирчен модел, Born, е именуван според една област во градот.
Raval за првпат беше прикажан минатиот јуни, како концепт именуван Urban Rebel. Но, неодамна беше објавено неговото официјално продукциско име.
Моделот ќе се произведува во фабриката во Марторел, заедно со сестринскиот модел на VW, ID.2. И двата модела ќе бидат поставени на електричната платформа на VW Group, MEB Small.
Сепак, двата модели значително се разликуваат визуелно. Raval ќе забрзува од 0-100 km/h за 6.9 секунди. Овој импресивен податок е добиен преку користење на лесни материјали во ентериерот и каросеријата, како и електричен мотор со сила од 166 kW кој овозможува сила од 226 hp.
Возилото ќе има капацитет на полнење од 120 kW, и досег со едно полнење од 440 километри.