Slide

Стории

Мапа на фабрики: Во Европа се произведува на 298 локации

Slide

Европската Унија (заедно со Велика Британија) во 2019 година произвела 18,5 милиони возила, од кои 85,4 проценти се патнички автомобили. Најголема продукција имала Германија со над 4,6 милиони возила, по што следуваат Шпанија со 2,2 и Франција со 1,6 милиони

14/09/2020

Автомобилските производители мораа да менуваат дел од своите стратегии влегувајќи во процесот на електрификација, но и реструктуирање кое беше наметнато од новите услови во индустријата.

Промена на локации на производство на одредени модели, реновирање и целосно менување на типот на автомобили кои се произведуваат во одредена фабрика, па за жал и најави за затворање на дел од фабриките се информации кои се постојано актуелни во браншата.

Во оваа 2020 година коронавирусот испровоцира дополнителни изнудени одлуки на менаџментот на компаниите инволвирани во авто-индустријата, што донекаде може да значи и менување на европската мапа на производствени капацитети.

Но, она што е официјално и е поврзано со 2019 година, покажува дека во цела Европа функционирале вкупно 298 фабрики за автомобили, комерцијални возила, камиони, автобуси, но и производство на мотори за нив.

Дури 226 од нив се наоѓаат во земјите од Европската Унија и Велика Британија, а очекувано на врвот е Германија со 42 фабрики на својата територија. На второто место е Франција со 31 фабрика, Британците имаат 30, додека надвор од ЕУ+ВБ зоната, се издвојува Русија со 30 фабрики.

Вкупно 142 фабрики се наменети за производство на патнички автомобили, по 58 има за камиони и автобуси, 38 се специјализирани за комерцијални возила, а во 71 фабрика се произведуваат само мотори како делови од погонската единица.

Во нашето опкружување, според податоците на ACEA, Србија, Хрватска и Романија имаат по 3 фабрики, додека Турција останува на важна позиција со дури 17 фабрики на својата територија.

Европската Унија (заедно со Велика Британија) во 2019 година произвела 18,5 милиони возила, од кои 85,4 проценти се патнички автомобили. Најголема продукција имала Германија со над 4,6 милиони возила, по што следуваат Шпанија со 2,2 и Франција со 1,6 милиони.

 

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година