Slide

Вести

Маркионе и постхумно е менаџер со најголема заработка во автомобилската индустрија

Slide

04/05/2020

Серџо Маркионе заработил најголем бонус меѓу менаџерите во автомобилската индустрија во 2019 година, иако почина во 2018-та како последица на компликациите кои се случиле за време на хируршки зафат изведен на неговото рамо.

Италијанецот добил 21,9 милиони евра како прв човек на групацијата Fiat-Chrysler и тоа поради позитивните резултати за периодот меѓу 2014 и 2018 година, кои ги надминале проекциите на компанијата.

Милионската сума ќе ја поделат четири наследници, односно неговата поранешна сопруга, двајцата синови и неговата долгогодишна партнерка со која ги живееше последните години од својот живот.

Интересно е што е бонусот на Маркионе ги надминува и примањата на актуелните менаџери во автомобилската индустрија, а на второто место е предводничката на General Motors, Мери Бара, која заработила 19,7 милиони евра.

Наследникот на Маркионе, Мајк Манли во 2019 година заработил вкупно 13,28 милиони евра.

Четворицата наследници на Маркионе си поделија по 10 милиони евра и од акциите на Маркионе во Ferrari, компанија која успешниот менаџер ја одвои од FCA и која ја водеше паралелно со групацијата. Ако италијанскиот бренд продолжи со постигнување на актуелните резултати, тие ќе добијат нов пакет акции чиј вредност се проценува на 43,8 милиони долари.

Повеќе содржини за Fiat

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба