Вести
Мартин Еберхард, основачот на Tesla, смета дека AutoPilot функционалноста која ја протежира Илон Маск, не е безбедна
Еберхард исто така објаснува дека на денешниот извршен директор на Tesla не му се допаѓало името на компанијата: "Илон не го сакаше името Tesla, тој напротив сакаше да го промени".
Во интервју дадено за германскиот весник “Zeit”, еден од двајцата основачи на Tesla ја критикуваше стратегијата на производителот на електрични автомобили во однос на делот кој се однесува на автономното управување. “Јас сум убеден дека е навистина опасно да вклучите автономно возило во сообраќај пред да сте сигурни дека тоа е 100% сигурно и безбедно”, вели тој.
Во интервјуто, Еберхард исто така го негира митот дека Илон Маск бил еден од основачите на компанијата, иако тоа е наведено денес на сајтот на Tesla.
“Илон Маск можеби има големо его, но секако не е еден од основачите на Tesla”. Компанијата ја основавме Марк Тарпенинг и јас. Маск се приклучи во компанијата како инвеститор неколку месеци откако компанијата беше основана во 2003 година.
Еберхард исто така објаснува дека на денешниот извршен директор на Tesla не му се допаѓало името на компанијата: “Илон не го сакаше името Tesla, тој напротив сакаше да го промени”.
Што се однесува до Autopilot функционалноста, една од најпознатите функционалности на моделите на Tesla, Ебергард има прилично силен коментар во однос на неа.
Функционалноста и онака е контроверзна повеќе години, а има неколку спорови кои и денес се наоѓаат пред американските судови.
Критичарите на системот сметаат дека самото име не е во согласност со она што системот го нуди.
Ситуацијата дополнително ја отежнуваат оптимистичките коментари од Маск, кој со години најавува дека неговите модели само што не станале комплетно автономни во управувањето.
Во однос на именувањето на функционалностите контроверзно е и името “Full Self Driving”, (опција која со доплата може да се нарача при купување на возилото или пак да се активира преку месечна претплата) име кое очигледно не одговара на реалноста, но сепак, Tesla го користи.
Пред неколку години судот во Германија ѝ забрани на американската компанија да го користи терминот Autopilot во своите комерцијални објави.
Сепак, влијанието на Маск е огромно, па на интернет може да се забележат голем број на видеа од возачи кои се префрлуваат на задното седиште од некој од моделите на Tesla, додека во автомобилот е вклучена Full Self Driving функционалноста, иако тоа не е дозволено и е многу небезбедно.