Slider

Вести

Maserati го покажа маскираниот Grecale

Slider

19/02/2021

Maserati интензивно работи на проектот Grecale, или новиот компактен SUV модел кој ќе биде големо освежување во гамата и можност за подобрување на продажните бројки.

Автомобилот поставен во понудата под актуелниот Levante има големи амбиции, а италијанскиот бренд веќе објави неколку фотографии од кои може да се навести конечниот изглед на атрактивниот Grecale.

Фотографиите направени од вработените пред фабриката во Модена го покажуваат автомобилот во маскирна униформа, но и во состојба која потврдува дека наскоро ќе биде одржана и премиерата.

Maserati веќе најави инвестиција од 800 милиони евра во фабриката во Касино, каде ќе биде произведуван Grecale, а вети и дека премиерата ќе се одржи до крајот на годината.

Повеќе содржини за SUV модели:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider