Slide 1
Slide 1

Новитети

Maserati Levante Hybrid ќе овозможи респектабилна моќност и поголема економичност

Slide 1
Slide 1

19/04/2021

Levante e вториот модел за кој Maserati го адаптираше својот концепт на благ хибрид, овозможувајќи им на купувачите да добијат помоќна изведба со поголема економичност.

Денеска претставениот Levante Hybrid користи 48V технологија, односно апсорбира кинетичка енергија која се создава при користење на сопирачките, за подоцна преку малата батерија да ја употреби енергијата при ниски вртежи и при забрзување.

На овој начин 2.0-литарскиот мотор со четири цилиндри е поекономичен во однос на класичната V6 изведба, а истовремено се добива респектабилна моќност од 330 коњски сили и вртежен момент од 450 Nm.

Maserati потенцира дека малата батерија е сместена на задниот дел, а Levante Hybrid ќе биде достапен само со погон на четири тркала, при што забрзувањето од место до 100 км/ч трае само 6 секунди.

Повеќе содржини за хибридни автомобили:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови