Slider

Вести

Maserati најави 13 нови модели, меѓу кои и SUV моделот Grecale

Slider

Покрај MC20 кој е прв модел кој го доби Nettuno V6 моторот со 630 коњски сили, Maserati наскоро ќе претстави и помал SUV, кој во понудата ќе биде поставен под актуелниот Levante

10/09/2020

Вчерашната премиера на спортистот MC20 беше најава за новата ера за брендот Maserati, a Италијанците најавија дека ќе понудат 13 различни изведби до 2024 година.

Покрај MC20 кој е прв модел кој го доби Nettuno V6 моторот со 630 коњски сили, Maserati наскоро ќе претстави и помал SUV, кој во понудата ќе биде поставен под актуелниот Levante.

Името на овој модел ќе биде Grecale, а Maserati најави дека ќе ја користи истата платформа со Alfa Romeo Stelvio, но и V6 моторот кој е целосно развиван од овој бренд.

За во 2022 година е најавен првиот целосно електричен модел кој ќе го носи името Folgore (молња на италијански јазик), за кој покрај фактот што ќе располага со три електро-мотори е познато и дека ќе добие 800V технологија и брзо полнење до 300 kW.

Следната година се очекуваат новите генерации на GranTurismo и GranCabrio, кои ќе добијат електрични изведби во 2022 година,  а во 2023 и 2024 година ќе бидат претставен и новите Quattroporte и Levante, кои ќе добијат и електрични изведби.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider